Обединета македонска дијаспора му го честита реизборот на Обама

Објавено на 8 ноември, 2012 во 16:31

Од организацијата велат дека очекуваат старо новиот претседател Обама да продолжи со зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и САД а го поздравуваат и гувернерот Мит Ромни посакувајќи му се најдобро во иднина.

 

ОМД им се приклучува на бројните американски политичари во најскоро време да се обезбеди заслужената позиција на Република Македонија во  НАТО и сметаат на сериозно ангажирање на администрацијата за ова битно прашање и заштита од негативното влијание на поедини групи кои имаат за цел да влијаат врз надворешната политика на САД кон југоисточна Европа.

-„ ОМД нема да толерира меѓународен притисок за Македонија да го смени уставното име, јазикот и нејзиниот идентитет и се надева дека администрацијата на Обама и во иднина ќе ја поддржува евро-атлантската интеграција на Македонија”, велат од ОМД.

Исто така македонско американската заедница им изрази благодарност на сите Американци со македонско потекло кои вчера ја исполниле својата граѓанска одговорност и  гласале на изборите за претседател на  САД.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.