Релакс терапија
Игра на трпение, игра за живци или идиотска игра?
Одоговорот лежи во вас, но пред да одговорите треба да го посетите сајтот www.donothingfor2minutes.com.
Поголемиот дел од сајтовите на Интернет бараат било каква акција, да кликате, да гледате, да ги споделувате нивните содржини и слично, но оваа страна ве предизвикува на нешто ново – да не правите ништо две минути!
Директорот на компанијата Popjam, Alex Tew, познат по заработката на повеќе милиони долари со продажбата на пиксели, направил интернет страна која вас ве повикува да правите НИШТО две минути!
На Do Nothing For 2 Minutes прикажана е фотографија на океан во време на зајдисонце. Во позадина се слушаат брановите. На екранот се појавува упатство на кое пишува да не го допирате глушецот ниту пак тастатурата. Доколку не ги почитувате правилата од упатството одбрјувањето престанува, што значи дека не сте го поминале предизвикот.
Испробајте ја вашата трпеливост, живци и тестирајте го предизвикот со посетување на сајтот.