Полицијата предупреди: Ќе ги казнува несовесните возачи!
Кавадаречките полицајци задолжени за сообраќај прават ред во хаосот со паркирање во центарот на градот.
Таму нема доволно паркинг места, што е сериозен проблем за возачите. Подолг период полицијата само предупредуваше. Но, кога превентивните мерки не дадоа резултат полицијата ја смени тактиката. Сега постапува репресивно и ги казнува возачите кои паркираат на недозволени места, на одбележаните за такси возила, за автобуси и на пешачки премини. Речиси секојдневно, посебно во пазарни денови или среда,петок и недела, возачите без пардон добиваат мандатни казни.
Командирот на кавадаречката сообраќајна полиција Зоранчо Добринов потврди дека веќе цел месец се казнува.
“Зачестените мерки на репресија во овој дел, мора да ви кажам, даваат резултати. Ќе продолжиме и во наредниот период да ја практицираме оваа мерка. Анализата од едномесечното контролирање особено на централните улици, а меѓу нив и “7 ми Септември“ даде резултати бидејќи во строгиот центар се намалија таквите прекршоци, “ рече Добринов. Кавадарчани освен погрешно паркирање прават и други сообраќајни прекршоци какви што се неоправилно се престројување на семафори , брзо возење , престигнување и разговор на мобилен за време на возење.