FaceNiff – апликација за хакнување на Facebook
FaceNiff е апликација за оперативниот систем Андроид, која може да се користи за хакнување на јавни и приватни wi-fi мрежи без употреба на компјутер.
Сега работи со Facebook, Twitter, YouTube, Amazon и Nasza-Klasa ( полска верзија на Facebook)….но, креаторот Bartosz Ponurkiewicz ветува дека следуваат и многу повеќе.
За среќа, апликацијата на Google работи само со одредени уреди, како што се HTC Desire – CM7/MIUI/LeeDroid3, Samsung Galaxy S – Stock/Darky/CM7, Samsung Galaxy Tab – Stock, LG Optimus 3D – Stock i Nexus S – CM7.
Програмерите кои го креирале FaceNiff истакнуваат дека е создаден за едукативни цели и ги замолија сите да не го користат за нелегални активности.
За хакирање е потребно корисникот и хакерот да ја делат истата wi-fi мрежа, во која треба да се почека корисникот да се најави на профилот со неговите податоци. Апликацијата преку Wi-Fi мрежата, за која доколку е заштитена треба да се знае лозинката, ja киднапира Facebook сесијата на корисник кој во меѓувреме ќе се логира на таа мрежа.
Затоа е важно да го користите https за логирање на Facebook секогаш кога користите мрежи на јавни места.