Затворена Модуларната болница во Велес
Објавено на 26 мај, 2021 во 14:18
Причина за затворањето на Модуларната болница е значително намалување на ковид болни. Во болнички услови во Велес се лекуваат вкупно 14 пациенти. Од нив шест се лекуваат на Инфективно и осум на Интерно одделение.
Од вкупниот број на болничките пациенти во Општа болница Велес, тројца се потврдени позитивни, двајца сомнителни и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се шест пациенти, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
Во текот на денешниот ден испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева