Маричиќ: Во пакет ќе ги решаваме прашањата за зголемувањето на платите на судиите и судските службеници
Објавено на 16 јуни, 2021 во 11:58
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во гостувањето на Утрински брифинг, изјави дека секогаш инсистира во договарањето за покачување на платите на судиите и обвинителите, тоа да важи и за нивните службеници и дека ова прашање системски ќе се решава.
-Тоа се решава системски затоа што ние веќе го овозможивме тоа преку измени на подзаконски акти за додатоци за плата на судската полиција, ги донесовме сите потребни подзаконски акти за да може да добијат додатоци и судските службеници. Исто така работиме на Законот за судска служба што ќе овозможи коефициенти и бодови за пристојни примања и тоа ќе оди се во еден пакет, рече министерот Бојан Маричиќ.