Тепачка во маркет во Неготино
Објавено на 9 август, 2021 во 11:34
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека во Полициска станица Неготино, вчера, 8 август, во 10:40 часот била пријавена тепачка.
Дваесет и седум годишниот С.С од Демир Капија пријавил дека во маркет во Неготино по вербална расправија со едно лице, настанала физичка пресметка помеѓу нив.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Стефани Манева