Почина не вакцинирана жена позитивна на коронавирусот
Објавено на 23 август, 2021 во 16:54

Педесет и пет годишната жена од Свети Николе, во текот на вчерашниот ден била хоспитализирана на Инфективно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес. Таа била позитивна на коронавирусот и не била вакцинирана.
Во моментов во велешкта болница на Инфективно одделение се лекуваат 23 ковид пациенти.
-Од болничките пациенти 21 се потврдени позитивни на ковид-19 и двајца се сомнителни. На кислородна поддршка се девет пациенти, соопшти портпаролката на велешката болница Д-р Елеонора Јованова.
Во текот на денешниот ден испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Стефани Манева
