Почина жена на 64 годишна возраст во велешка болница

Објавено на 6 септември, 2021 во 20:38

Жената била позитивна и се лекувала три дена на Инфективно одделение во ЈЗУ“Општа болница“ Велес.

Денеска во болницата вкупно се хоспитализирани 60 пациенти. Од нив  47 се потврдено позитивни,шест се сомнителни  и седум пациенти се со негативен тест но, задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 36 пациенти.

За потребите од здравствени болнички услуги отворена е и Модуларната ковид болница во која денеска има девет пациенти. Најголем број од болничките ковид пациенти се лекуваат на Инфективно одделение, вкупно 44. На Интерно одделение се згрижени седум пациенти.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.