Секој вторник ќе има лет Скопје – Санкт Петербург

Објавено на 21 септември, 2021 во 10:32

Авиокомпанијата „Nordwind Airlines“  ја проширува својата програма и го вклучува новиот лет до Северна Македонија .

Летото  од Санкт Петрбург – Скопје , ќе се изведе денеска, а авионот треба да пристигне во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.

Од 29 септември, Nordwind Airlines планира да ја зголеми и фреквенцијата на летови од Москва до Скопје. Директни летови Москва – Скопје ќе има трипати неделно – секој понеделник, среда и петок.

Цените на билетите почнуваат од 80 евра, а летот ќе трае 3 часа и 25 минути.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.