Повреден моторциклист во сообраќајка во Велес
Објавено: 25 септември, 2021, во 12:27 часот
Се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикал и автомобил, кај училиштето Васил Главинов, на едносмерната улица, спроти сендвичара Круг.
На лице место интервенирала Итна медицинска помош и според екипата повреден е моторциклистот, роден 1976 година, којшто при ударот излетал од моторот и со главата удрил во шофершајбната на автомобилот. Лицето било во свесна состојба и се здобило со отворена рана на глава и крварење.
По укажаната прва помош моторциклистот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес на одделот хирургија за понатамошно лекување.


