Маж прободен со нож во Велес
Објавено на 29 септември, 2021 во 09:50
Немилиот настан се случил рано утринава, околу 2:30 часот, на улица „Максим Горки“. Тогаш повик за интервенција примила екипата на Итна медицинска помош којашто интервенирала веднаш.
-При прегледот лекарот констатирал смрт кај мажот здобиена од убодна рана со нож во граден кош, рече д-р Васе Пановска Поп Стефанова.
Детали за случката најави и СВР Велес чија екипа направила увид на местото на несреќата.
Неофицијално убиениот маж бил на 40 годишна возраст и бил полицаец.
Убавка Јаневска