Автомобил удрил пешак во Неготино, потоа настанала и физичка пресметка

Објавено на 5 октомври, 2021 во 12:23

Патничко возило „Мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од триесет и осум годишниот Б.Ш од Неготино, удрило во шест години постариот пешак В.А исто од Неготино. Веднаш потоа настанала и физичка пресметка помеѓу нив.  Во незгодата В.А се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болница Неготино.

Незгодата се случила на вчера, на 4 октомври, во 19:45 часот, на паркингот на улицата „Маршал Тито“ во Неготино.

Од СВР Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.