Русија: Тинејџерите ќе добијат пет пати помала доза на „Спутник V“
Објавено на 6 октомври, 2021 во 10:41
Тинејџерите ќе добијат пет пати помалку дози за време на вакцинацијата со „Спутник Ве“ (Спутник В), изјави директорот на центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
Пациентите на возраст од 12-17 години ќе ја примат вакцината во две дози.
„Се е идентично, но концентрацијата на вакцината е пет пати помала“, вели тој.
Во текот на минатата недела, руската влада издвои повеќе од 1,4 милиони долари за третата фаза од истражувањето на вакцината „Спутник V“ кај тинејџерите.
Претходно, Министерството за здравство на Русија објави дека вакцинацијата на тинејџерите ќе биде доброволна и со согласност на родителите или старателите.