Починати две жени во велешка болница како последица од Ковид-19

Објавено на 15 октомври, 2021 во 16:21

Едната жена на 74 годишна возраст, била позитивна на коронавирусот и лекувана три дена на Инфективно одделение. Другата жена на 86 годишна возраст била лекувана девет дена на Инфективно одделение.

Во Општа болница Велес, хоспитализирани се 60 пациенти од кои 41 се потврдени позитивни на ковид-19, осум се сомнителни и 11 пациенти се со негативен тест но здражани на болничко лекување.

-На кислородна поддршка се 28 пациенти. Од болничките пациенти 30 се лекуваат на Инфективно оддление, десет на Интерно одделение и 20 во Модуларна болница, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елеонора Јованова.

Во текот на денот испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.