Здравковски, Колев и Љутков прогласија победа на ВМРО-ДПМНЕ во Велес (ФОТО и ВИДЕО)
Во 22:00 часот Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ објави победа во прв круг на седмите Локални избори во Велес. Пред зградата на Општинскиот комитет во Велес, се собраа поголем број на членови, симпатизери и поддржувачи на партијата кои ги очекуваа резултатите и официјалното обраќање на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Велес и актуелен пратеник Игор Здравковски, на кандидатот за градоначалник Марко Колев како и на носителот на листата со кандидати за членови на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков. Тие заедно се симнаа на платото пред споменикот на Кочо Рацин и ја објавија победата.
Дума.мк неофицијално дознава дека освен градоначалникот, ВМРО-ДПМНЕ ќе го има и мнозинството во Советот со освоени 12 места, осум советнички места освои Коалицијата предводена од СДСМ и три советнички места Левица. Сепак официјалните инфорамции ќе ги соошти Државна изборна комисија.
Во видео материјалот погледнете го обраќањето на Здравковски, Колев и Љутков пред присутните вечерва.
Убавка Јаневска
Стефани Манева