Снежно невреме во Кина, 116 години не паднало толку снег (ВИДЕО)
Кина е зафатена од силно снежно невреме. Во градот Шенјанг, провинцијата Лиаонинг, просечната висина на снежната покривка достигна 51 сантиметар, што е најголема количина забележана во последните 116 години, односно во 1905 година.
Едно лице загина во соседна Монголија, а снежните врнежи ги погодија повеќе од 5.600 луѓе, пренесува Кликс.
Метеоролозите тврдат дека снегот наеднаш го покрил градот Тунгља. Вкупно 27 црвени снежни аларми се издадени во внатрешноста на Монголија и североисточна Кина.
Студениот бран пристигна во неделата, а температурите се намалија за најмалку 14 степени во некои делови од североисточна Кина.
Во Лиаонинг снегот направи големи проблеми, а повеќето од наплатните рампи на автопатот беа затворени.
Затворени се железничките и автобуските станици, освен оние во градовите Далиан и Дандунг.
Властите прават напори да ги загреат домовите. Зголемен е увозот на јаглен и максимално е зголемено производството на енергија. Од продавниците е побарано да ги зголемат залихите на храна и да ги намалат цените.