Викендов четворица починати пациенти од Ковид-19 во велешка болница
Во изминатите 24 часа починати се двајца пациенти на Инфективно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес, жена на осумдесет и четири годишна возраст од Велес со хорнично респираторна болест и ковид пневмонија и маж на шеесет и девет годишна возраст, велешанец, со ковид пневмонија, хипертензија и дијабет.
Примени се четворица пациенти од кои тројца во Инфективно одделение и еден пациент во Модуларна болница.
Во моментов на болничко лекување се 47 ковид пациенти од кои 36 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Од вкупнуот број на лежечки болни на Инфективно одделение се лекуваат 21 пациент, на Интерно одделение шест и во Модуларна болница 20 ковид пациенти.
За време на викендот во велешка болница починаа уште двајца ковид пациенти. Според портпаролката д-р Елена Левкова Ќулумова и двајцата се мажи, лекувани на Инфективно одделение. Првиот на шеесет и шест годишна возраст со вирусна пневмонија, хронична белодробна болест, хипертензија и дијабет додека вториот на седумдесет и две годишна возраст со вирусна пневмонија, хронична белодробна болест и акутно бубрежна слабост.
Стефани Манева