Во велешка болница се лекуваат 51 ковид пациенти
Објавено на 23 ноември, 2021 во 11:16
Во ЈЗУ Општа болница Велес хоспитализирани се вкупно 51 ковид пациенти од кои 35 се потврдени позитивни , шест се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа примени се четворица нови пациенти, двајца на Инфективно одделение и двајца се трансферирани позитивни од Интерно одделение, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На континуирана кислородна поддршка се 20 пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 23, на Интерно одделение седум и во Модуларна болница 21 ковид пациенти.
Стефани Манева