Пообилни врнежи од дожд, од утре значително намалување на температурата

Објавено на 29 ноември, 2021 во 09:23

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места , а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови.

Утре ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.), што ќе предизвика значително намалување на температурата. Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.