Д-р Ѓорѓиевски: Бидете внимателни – прашање на денови е кога „Омикрон“ ќе го има меѓу нас !  

Објавено на 20 декември, 2021 во 13:22

Корона вирусот официјално беше изолиран на 30 Јануари 2019 година откако го препознаа во гардот Вухан, но епидемиолошките студии укажуваат дека претходно, една година, поточно во септември и декември во 2018 година, во овој кинески град има драматичен пораст на пациенти заболени од „грип“ и појава на пневмонии.

Што е КОРОНА вирус ?

Корона во основа е „RNA“ вирус кој е доста сличен на вирусот на грип. Вирусот содржи „Геном“, поточно генетско јадро од нуклеинска кислеина „RNA“, обвиткан со обвивка изградена од гликопроптеинска структура.

Во таа обвивка има три типа на протеински честитчки. Едни се нарекува „SPIKE“ протеин. „SPIKE“ во основа во англискиот јазик означува остра игла или врв на копје. Токму овој протеин е многу значаен за преносот на вирусот помеѓу луѓето.

Практично вирусот со овие боцки се прилепува на клетките на респираторниот тракт, значи во грлото, душникот или на носната слузница на луѓето каде  се резмножува и се развива. Токму преку овие „боцки“ навлегува во клетката со помош на лачење на ензимот, од старана на клетката, наречен „TMPRSS2“. Тоа е најважниот момент на влегувањето на вирусот во човечката клетка.

Кога вирусот ќе влезе во човекот веднаш го истура геномот врз клетката домакин којашто започнува да продуцира многу вируси и да ги размножува. Поточно клетката станува еден вид фабрика за вирусни честички и истите се репродуцираат и умножуваат се додека неа не ја уништат.  

Како настана КОРОНА вирус ?

Во овој момент апсолутно е непознато. Тоа што се знае е дека вирусот припаѓа на семејството на така наречени „SARSr-CoV“ кои предизвикуваат тешки вируисни пневмонии како и дека е многу сличен и близок роднина на групата вируси кои се нарекуваат „Зоонози“ односно потекнуваат од животните.

Последниот, односно КОРОНА вирус „SARS COv19, во основа, по генетски код, е најсличен со генетскиот код откриен кај Лилјаци. Сепак науката, до денеска, точно  не одреди како се случил првиот пренос. Затоа се поставува прашање дали од Лилјак можни преносители на човекот се некои инсекти или вошки па потоа човекот меѓусебно го пренесува или пак преносот се случи директно од лилјаци на луѓето. Имено, постои информација која никогаш не се потврди „за изеден лилјак од страна на човек на пазарот во Вухан“.

Фото: Д-р Атанас Ѓоргиевски, специјалист кардиолог

Како настануваат мутациите на вирусот?

Досега се познати повеќе варијанти на овој вирус и тоа: „ Alpha“, „Beta“, „Delta“ , „Omicron“.  Во основа тоа е истиот геном но со разлики во делот на одредени протеини па така сојот делта е познат по тоа што има многу повеќе на број  „S Protein“, боцки, со кои лесно се поврзува за површината на клетката. Овој вирус е склон на мутирање и нема да има крај на неговите варијанти и соеви , само прашање на време е кога ќе се појави нов балкански па и македонски сој, кој  мутирал, овде, помеѓу нашите пациенти.Тоа е одлика на целата таа група на вируси како и на самиот грип.

Каков вид на вирус е „Омикрон“?

За прв пат оваа вирусна партикула е изолирана во државата Боцвана, во ноември 2021 година.  До денеска  нема комплетни информации за овој тип на вирус. Но информациите од Светската здравствена организација се дека во овој момент, во Боцвана и во јужните делови на Африка, рапидно се зголеми бројот на новозаболени пациенти со овој вид на вирус. Тоа говори дека најверојатно многу брзо се шири и лесно е пренослив. До сега нема информации на кој начин и зошто тоа е така.

Во овој момент доминантен сој е „Делта“ поради изразената преносливост и големиот број на боцки, Засега недостасуваат информации како ќе се развива меѓу луѓето новата варијанта наречена „Омикрон“.

Клиничката слика или изгледот на болеста засега е рапортирана од колеги, лекари, како полесна од другите. Сепак мора да се има во предвид дека од една страна испитувањата се направени над помладата група на луѓе и од друга страна тие се вршени таму каде што се појави. Значи во Јужна Африка,каде епидемиолошките испитувања не се комплетни за да се добијат  детални информации.

Скоро со сигурност „Омикрон“ е  присутен и во другите афрички држави но поради не испитување и не селдење на состојбата се уште не е докажано дека го има.

За жал овој вирус  не може да се запре ниту со комплетно изолирање на континетот. Станува збор за  респираторен вирус и се пренесува преку аеросоли во воздухот. 

Препорака:

Бидете внимателни , прашање на денови е кога ќе го имаме во нашата држава.  

Д-р Атанас Ѓоргиевски, специјалист кардиолог

моб.тел.број 070 / 324 903

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.