Во велешка болница се лекуваат 19 ковид пациенти
Објавено на 10 јануари, 2022 во 13:00
Во Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 19 пациенти од кои 15 се потврдени позитивни на Ковид-19, двајца пациенти се сомнителни и двајца се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се седум пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 15 и на Интерно Б одделение четворица пациенти.
Стефани Манева