Илина и Игор се подготвени за Стара нова година
Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено се омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заедничките фотографии и видеа, меѓусебната поддршка и позитивната енергија.
Така и овој пат, парот без грижа го дочека вчерашниот снег, со соодветна, весела објава на инстаграм-мрежата. Парот се сликаше со новогодишни реквизити како маски на лицата, подготвени за пречек на Василица, или Стара нова година.
Илина притоа сподели и „стори“ на кои се потсети како изгледале тие двајца пред неколку години, кога имале „поубави“ фризури.
Тие редовно споделуваат фотографии со кои ја слават својата љубов. Неодамна Илина стави фотографија од нив двајца во Дојран, со порака дека зимата е прекрасна таму, на што доби позитивни коментари од своите следбеници.