Многу студено и ветровито, утринските температури до -10
Објавено на 24 јануари, 2022 во 09:32
Времето денескаа променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури ќе бидат многу ниски и на многу места ќе се спуштат до околу -10 степени, а дневните од средината на неделата ќе бидат во пораст.
Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.