Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар
На ден 24.01.2022 на автопатот Кичево-Охрид ќе се изврши минирање во времето од 15 до 16:30 часот.
Од 08:40ч. е укината забраната за ТМВ на патниот правец Кичево – Гостивар на превој “Стража”.
Од 06:50ч. се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Снег врне во Крива Паланка, Маврово и Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.