Во велешка болница се лекуваат 70 ковид пациенти
Објавено на 27 јануари, 2022 во 11:00
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 70 ковид пациенти од кои 58 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се четворица пациенти.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 59 пациенти и на Интерно Б одделение 11 пациенти. Има четири слободни болнички кревети во Инфективно одделение , соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 25 пациенти.
Од болничко лекување испишан е еден пациент.
Стефани Манева