Дијабетес – Прва помош за дијабетичарите (Аудио)

Објавено на 2 февруари, 2022 во 13:05

Симтомите на хипергликемијата вклучуваат забрзано, тешко дишење, болки во  стомакот, здив со сладникав мирис, често мокрење, повраќање, сонливост и можни несвестици.

Што би требало да направиме ?

Ако болниот е при свест и може да голта, дајте му да се напие нешто без шеќер за да ја спречите дехидратацијата, а потоа одесете го во болница. Ако болниот е во несвест , веднаш повикајте брза помош(194).

Симтомите на хипогликемијата вклучуваат бледа, ладна и леплива кожа, прекумерна глад, губење на орентација, агресивно однесување и можна несвестица.

Што би требало да направиме?

Ако болниот е свесен и може да голта дајте му да јаде или да се напие нешто што содржи шеќер, како овошен сок , бонбона, безалкохолен пијалак или дури обичен шеќер а потоа однесете го болница. Ако болниот е во несвест , веднаш повикајте брза помош(194).

Ако болниот е при свест а вие не сте сугурни дали се работи за хипергликемија или хипогликемија, дајте му да јаде или да се напие нешто благо, а потоа однесето го во болница , ако е во несвест повикјте брза помош(194).

Божана Ќулавкова  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.