Приведено лице во Кавадарци при обид за кражба во маркет
Објавено на 11 февруари, 2022 во 12:15
Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера, околу 19:30 часот го лишеле од слобода четириесет и две годишниот С.Ѓ од Општина Дебарци бидејќи бил затекнат при обид да одземе пари од маркет од Кавадарци.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека лицето било приведено во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна мерка.