Ковачев: Во Македонија и Србија се уште има елементи на Титова Југославија
Атмосферата продолжува да биде иста како во 1989 година. Југословенската идеологија и пропаганда не се сменети. Ова е можеби една од ретките земји во Централна и Источна Европа, заедно со Србија, каде што остана тоа време на Титова Југославија, сега е дури и исполнето со уште повеќе елементи кои не се во интерес на Бугарија, вели европратеникот Андреј Ковачев на тема бугарските односи со Македонија.
Според него, „говорот на омраза што доаѓа од учебниците, медиумите и академската заедница во Македонија треба да се намали“.
-Образовниот систем и медиумите во Македонија треба објективно да ја прикажуваат нашата општа историја. Тоа е во името на европската иднина. Нема шанси да го поддржиме сегашното идеолошко оправдување на Северна Македонија, рече тој во гостување на утринската емисија на „БТВ“.
Според Ковачев, Бугарите во Македонија се „подложени на дискриминација, закани и навреди“ и тоа треба да се промени.