Граѓански собир за мир во Украина, денеска на плоштад „Македонија“
Објавено на 25 февруари, 2022 во 13:31
Денеска, на 25 февруари 2022 година ќе се одржи мирна граѓанска акција на Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, со почеток во 14:30 часот на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. Присутните потоа ќе се упатат кон руската амбасада на ул. Пиринска, бр. 44.
Мирната акција е посветена на поддршка на украинскиот народ и држава во борбата против руската воена инвазија во Украина.
„Лесја Украинка“ ги повика сите мирољубиви луѓе да ѝ се приклучат на оваа мирна граѓанска акција против руската агресија врз Украина.