МНР ги објави новите амбасадори: Буџаку во Канада, Фрчкоски во ОН

Објавено на 8 март, 2022 во 11:43

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, информира со имињата за предлозите за амбасадори, по добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски.

На листата се Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.

-Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24, објави Османи и додаде дека процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.