Тепачка помеѓу двајца кавадарчани
Објавено: 14 март, 2022, во 11:46 часот
Во Полициска станица Кавадарци, во текот на вчерашниот ден, педесет годишниот кавадарчанец Д.А пријавил дека на улица „Пано Мударов“ бил физички нападнат од триесет и девет годишниот К.Ч од Кавадарци.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева


