„Добредојде пролет“ од дечињата на ОЈУДГ„Димче Мирчев“ за велешани (фото и видео)

Објавено на 21 март, 2022 во 14:39

Со подготвени разновидни цветови и научени песнички и посакаа добредојде на пролетта дечињата од ОЈУДГ„Димче Мирчев“ во Велес. Ѕвездичките од клонот „Ѕвездички“  песничките ги пееја громогласно откако ги поставија рачно изработените цветови во дворот. Со високо подигнати рачиња врз нивните главички го поздравуваа годишното време во кое топлите сончеви зраци ќе започнат да ги будат природата, дрвјата, цветовите, пчелките . Нивните песнички и игра не останаа незабележани од случајните минувачи.

Фото: Ѕвездичките од објект „Ѕвездички“
Фото: Славица Алексовска

-Прво се подготвивме преку креативни изработки на хартиени цветови во разни бои и видови. Нив ги изработивме минатата недела во чест на доаѓањето на пролетта. Целта ни беше цветовите да ги поставиме во сите дворови на објектите на градинката и да им покажеме на граѓаните дека денешниот ден е првиот ден на годишното време пролет. И за да биде се како што доликува на настан со кои се одбележува доаѓање на најубавото годишно време ги научивме да ги пееме и најубавите песнички во кои се опишани сите карактеристики на пролетта, рече дипл. психолог  Славица Алексовска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.