Твитер го ограничува досегот на профилот на Путин
Твитер објави дека ќе го ограничи досегот на повеќе од 300 официјални профили на руската влада, вклучувајќи го и профилот на рускиот претседател Владимир Путин.
„Веќе нема да ги препорачуваме овие профили во вестите, известувањата или на кое било друго место на нашата страница“, објави Твитер.
Имено, профилите на официјалната руска влада се најдоа на удар поради ширење дезинформации за војната во Украина. Но, за разлика од Твитер профилите на прорежимските руски медиуми, официјалните профили на руската влада засега не биле на мета на модераторите на оваа социјална мрежа.
Со почетокот на инвазијата, Русија го отежна пристапот до Твитер, велејќи дека „ќе преземе чекори против секоја земја што го ограничува пристапот до Интернет, а во исто време е вмешана во вооружен конфликт“.