Влез во Бугарија без ковид-сертификати

Објавено на 14 април, 2022 во 13:24

Лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет не треба да покажуваат дигитален ковид-сертфикат.

Ова го соопшти бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова.

Во наредбата, исто така, се наведува дека војниците на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти, како и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален сертификат на ЕУ за вакцинација, прележана болест или негативен тест или слични документи, кои ги содржат истите податоци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.