Дете загина во сообраќајна несреќа на автопат Скопје – Велес
Патничко моторно возило „рено клио“ со неготински регистарски ознаки управувано од триесет и осум годишниот Д.В, вчера, на автопатот Скопје- Велес пред наплатната станица „Сопот“ излетало од коловозот. Во автомобилот биле возачот, жена и малолетно дете.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
Сообраќајната несреќа била пријавена во 14:45 часот во Сектор за внатрешни работи Скопје. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото на детето било предадено на обдукција.
Стефани Манева