Дете загина во сообраќајна несреќа на автопат Скопје – Велес

Објавено на 26 мај, 2022 во 13:19

Патничко моторно возило „рено клио“ со неготински регистарски ознаки управувано од триесет и осум годишниот Д.В, вчера, на автопатот Скопје- Велес пред наплатната станица „Сопот“  излетало од коловозот. Во автомобилот биле возачот, жена и малолетно дете.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.

Сообраќајната несреќа била пријавена во 14:45 часот во Сектор за внатрешни работи Скопје. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото на детето било предадено на обдукција.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.