Одржана првата врсничка едукацијза за ментално здравје во велешки Црвен крст
Осумнаесет волонтери и членови на Клубот на млади ја проследиле првата врсничка едукација за ментално здравје којашто се одржала во просториите на Црвен крст – Велес. Истата била спроведена од страна на врсничките едукатори Клара Арсовска и Вероника Гијовска коишто имале за цел присутните да ги насочат подобро да се спознаат себеси и да имаат појасни гледишта.
– Обуката треба на младите лица да им помогне во нивниот начин на однесување и подобро справување со стресот. Менталното здравје е важно во секој период од животот, но адолесценцијата е можеби на прво место, пишува во соопштението на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес.
Освен теоретскиот дел за време на едукацијата имало и практичен дел преку кој се реализирале различни вежби.
Од велешки Црвен крст информираат дека во наредниот период планирано е да бидат опфатени повеќе млади луѓе коишто ќе бидат едуцирани на оваа тема.
Стефани Манева