МВР: 336 санкции за брзо возење

Објавено на 13 јуни, 2022 во 12:33

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 336 возачи.

-Од нив 21 возилo се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 4 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 202 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 134 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 117 други видови прекршоци, пишува во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.