Нема да ви се верува колку платила познатата Македонка за ГЛАМУРОЗНИТЕ САНДАЛИ што ги носеше како невеста!
Свадбата на македонската фитнес инфлуенсерка Ана Стојанова и нејзиниот избраник беше главна тема во медиумите.
Тие свадбата ја направија во една отмена вила покрај Охридското Езеро, а главната тема беше изгледот на невестата.
Имено, откако во јавноста пристигнаа првите фотографии, сите беа изненадени од проѕирната венчаница што Ана ја носеше.
Имено, на социјалните мрежи испливаа фотографии на кои се гледа како убавата невеста танцува, облечена во куса и необична венчаница која повеќе открива, отколку што покрива, и со која никого не остави рамнодушен.
Покрај провокативниот крој на фустанот, Ана ги изненади сите и со тоа што наместо високи потпетици, носеше патики.
Но ова не беше единствената венчаница што Ана ја носеше за нејзиниот најубав ден во животот. Имено, подоцна испливаа фотографии на кои се гледа дека блогерката венчањето го започна во друга креација.
Таа целото издание го зачини со сандали со високи потпетици од познатиот бренд Џими Чу кои чинат околу 800 долари.