Летни одмори: Подготовка на децата и корисни совети за патување
Летото е идеално време за патување со деца, но понекогаш одењето на долго патување на родителите им изгледа како ноќна мора. Семејните одмори создаваат посилна врска, но како да се забавува детето, што ако плаче – се прашањата што си ги поставуваат многу родители.
Подготовки
Ако децата се доволно возрасни, пред да тргнете на пат договорете се заедно да направите список на работи што сакаат да ги земат. Заедно, проверете дали тоа се работите што им се потребни и дали нешто заборавиле. Пред поаѓање, добро е да го ограничите багажот според бројот на членовите на семејството, големината на автомобилот и должината на патувањето на кое одите.
За патувањето да помине без проблеми, подгответе играчки и забавни игри. Доколку патувате со авион бидејќи притисокот често ги затнува ушите, обавезно со себе понесете шише или цуцла, а за постарите деца гума за џвакање. Воздухот во авионот е сув, затоа погрижете се вашето дете да внесува доволно течности.
Патувањето со автобус за повеќето родители звучи како комплицирана опција, но дури и овде може да помогне боење, цртан филм или едноставно броење автомобили со одредена боја или некоја забавна игра како „На буква, на буква…?“. Во случај на вашето дете да му се лоши за време на патување, дајте му лек пред да тргне на пат. И не заборавајте влажни марамчиња и грицки.
Пред патувањето, родителите треба да одат во аптека и да се опремат некои основни лекови – за секој случај. Треба да понесете термометар, фластери, газа, лекови за треска и болка како парацетамол, ибупрофен и електролити. Со давање електролити треба да се започне веднаш по повраќање, дијареа или ако има знаци на дехидрација, како што се екстремно сува уста и недостаток на плунка.
Нежната детска кожа треба да се заштити и додека возите, а не само додека уживате на плажа. Нивната кожа е исклучително чувствителна на опасните УВ зраци, така што дваесет минути изложување на директна сончева светлина е доволно за да предизвика изгореници.
Понесете креми за сончање со висок заштитен фактор и не заборавајте да ги нанесувате неколку пати додека возите (во зависност од времето на денот во кое патувате и должината на патувањето).
Патување
Клучот за пријатно патување е и доброто планирање. Најдобро е да тргнете кога е време вашето дете да спие, понесете доволно храна и течности во случај на непредвидени гужви.
Предноста на патувањата со автомобил е што во секој момент можете да застанете и да направите пауза, затоа, поголем проблем се авионите и автобусите. Носете лесна храна, овошје и здрави грицки. Избегнувајте мрсна, пржена и слатка храна.
Пред поаѓање треба да обезбедите соодветни услови за патување. Избегнувајте патување на висока топлина и планирајте патување со многу мали паузи во кои децата ќе можат да го трошат вишокот енергија акумулирана со подолгото седење во автомобилот. Многу деца имаат проблеми со гадење и повраќање за време на патувањето. Помирното возење, паузите и свежиот воздух може да ја намалат непријатноста.
Исто така, за време на патувањето потребно е паметно да се користи климата. Температурата во возилото треба да биде удобна, а протокот на воздух индиректен и не премногу силен. Мали шишиња со вода, грицки и забава се задолжителни за време на секое патување. Ако имате организатори за автомобилски седишта – наполнете ги со шишиња со вода или сок, грицки, омилени играчки, сликовници и други „залихи“ без кои вашите деца не можат да живеат.