ССМ со повик до газдите: Заштитете ги работниците на горештините
Објавено: 5 август, 2026, во 14:32 часот
Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа периодов кога земјата се наоѓа во топлотен бран, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.
„Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури, а за што веќе објави Институт за јавно здравје. Укажуваме дека од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички. Значењето на животот и здравјето на работниците, во овие услови на екстремно високи температури е од исклучителна важност и сите заедно треба да го зачуваме здравјето на работниците и граѓаните, тие се двигатели на општеството.“, се вели во соопштението од ССМ.
Синдикатот ги повика работниците доколку не им се почитува правото на безбедност и заштита при работа да пријават кај синдикален претставник и Државниот инспекторат за труд.
Дума.мк
