Активни во текот на летото: Три вежби во базен кои ќе го регенерираат и зајакнат вашето тело
Физичката активност во базен е идеална за луѓе со проблеми со коските, но и за оние кои сакаат малку поинаков вид на вежбање во текот на летото. Во остатокот од текстот ви даваме пример за вежби кои ќе го освежат вашето тело.
Одење во вода
Ова е добра почетна вежба, бидејќи ќе ви помогне да ја почувствувате тежината на отпорот што го прави водата. Со други зборови, добар е за загревање, а исто така ги тонизира рацете, трупот и долниот дел од телото.
Вежби за раце во вода
Застанете во вода до рамениците. Исправете ги рацете пред вас и свртете ги дланките нагоре. Повлечете ги лактите кон градите и вратете ги назад. Повторете ја вежбата неколку пати.
Вежби за трупот и долниот дел од телото
Фатете го работ на базенот со рацете, повлечете ги колената до градите и притиснете ги стапалата на ѕидот пред вас. Турнете го ѕидот, а потоа повторете ја оваа вежба неколку пати додека се држите за работ на базенот.