Од следната недела ќе почне дистрибуција на свидителствата до сите училишта

Објавено на 11 август, 2022 во 14:22

Жалбената постапка веќе заврши и од следната недела ќе почнеме со дистрибуирање на свидителствата до сите училишта во државата, изјави денеска за МИА директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи.

– Уште во текот на јуни беа дистрибуирани свидителствата и дипломите за матурантите кои завршија тригодишно и четиригодишно образование, како и за учениците од деветто одделение со цел непречено да можат да го продолжат своето натамошно образование. Дистрибуцијата на свидителствата за останатите ученици доцнеше поради жалбена постапка која веќе заврши, така што од следната недела ќе почнеме и со нивна распределба по сите училишта во државава, вели Хасипи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.