Откажан најважниот саем за автомобили во светот
Саемот за автомобили во Женева е откажан четврта година по ред, а организаторите како причина ги наведоа неизвесностите во глобалната економија и геополитиката. И покрај тоа, се уште се планира настанот во Катар, кој треба да го замени најважниот саем за автомобили во светот.
Фондацијата „Comite permanent du Salon international de l’automobile de Geneve“ објави дека салонот за автомобили во 2023 година ќе се одржува исклучиво во Доха, Катар. Тоа значи дека настанот што требаше да се одржи во февруари 2023 година во најголемиот град во Швајцарија е откажан.
„Поради неизвесноста во глобалната економија и геополитика, како и ризиците поврзани со пандемијата, организаторите одлучија да се фокусираат исклучиво на планирање на настанот во Доха во 2023 година“, рече Морис Туретини, претседател на фондацијата.
Како што беше потврдено во април, салонот за автомобили во Женева е закажан за 14-19 февруари 2023 година. Туретини изјави дека направиле се што е во нивна моќ да го организираат овој настан во Женева, но „ризиците биле поголеми од можностите“.
Саемот за автомобили во Женева ќе дебитира во Катар во ноември 2023 година, а точните датуми допрва треба да се објават.