ФК „Горски“ одбележа 100 години од формирањето
Далечната 1921 година, група ентизијасти го формираат културно уметничкото спортско друштво „Горски“ во Велес. Станува збор за маалски клуб кој натпреварите во фудбал на почетокот ги одигрувал помеѓу младинците од улиците крај влашката црква како и крај мовчето на поток „Дервен“, во тој дел на градот. Како минувале годините така клубот созревал. Во него продефилирале голем број на играчи кои оставија неизбришлив траг во спортскиот живот во градот и во државата.
Во моментов ФК „Горски“ се натпреварува во општинската фудбалска лига. Се одржува благодарејќи на група ентузијасти предводени од Тони Тонев. Тој е претдседател на клубот. Тонев заедно со ентузијастите вложија огромни напори и во организација на настаните за одбележување на јубилејот,еден век од формирањето на фудбалскиот клуб.
Еден од нив беше ревијален натпревар на кој учествуваа голем број фудбалери од различни генерации на ФК„Горски“. Ревијалниот натпревар се одигра, вчера попладне, на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес.
Лазар Лазаровски