7 фризури што ќе бидат водечки тренд сезонава
Овие 7 фризури ќе бидат најбарани есента 2022 година, а на сцена настапуваат топли нијанси, природни текстури и луксузен изглед
Доколку ги следите модните и бјути-трендови, тогаш сигурно сакате да бидете во тек и кога станува збор за фризурата. Оваа есен популарни ќе бидат фризурите околу кои не треба да се трудите премногу за да изгледаат убаво. Експертите за коса веќе ги издвоија фризурите и боите што ќе владеат оваа есен и зима, а без разлика дали сакате кратка, средна должина или долга коса, ќе можете да пронајдете нешто за себе.
1. Кркми-Кркмите се одличен начин да ги ублажите острите контури на лицето, а вам ви преостанува да ги одберете оние што најмногу ви одговараат. За кркми се одлучуваат многу дами кои сакаат да постигнат младешки изглед.
2. Потопли тонови-Жените во есенските денови најчесто прибегнуваат кон потопли, поживи тонови во косата, кои оставаат силен впечаток. Па така, златните тонови се идеални за есента, но овој пат комбинирајте ги со песочни тонови – вака бојосаните прамени рефлектираат светлина, па ќе ја направат косата посјајна.
3. Боб-Боб-фризурата веќе неколку сезони по ред е особено модерна, а така ќе остане и оваа година. Кога станува збор за должината на бобот, оваа есен особено актуелен ќе биде малку подолгиот боб, но секако нема да погрешите за каква форма и да се одлучите.
4. Мокар изглед-Кратка, залижана или со гел на врвот: блескавата мокра коса изгледа свежо, елегантно и секси – совршено за оваа сезона. Овој стил можете да го постигнете со гелови што имитираат влажна текстура.
5. Платинеста коса полна со волумен-Платинестата боја повторно е во тренд благодарение на Ким Кардашијан, кој од неодамна ја осветли својата темна коса. Доколку додадете и малку волумен, ќе добиете изглед што беше популарен во златната доба на Холивуд.
6. Пеглана коса-Совршената рамна пеглана коса повторно се враќа на сцената. Особено е погодна доколку сте потстрижани степенесто, па пократките рамни прамени совршено ќе го врамат лицето. Ваквиот начин на стилизирање ќе создаде илузија на потенко лице.
7. Црно венче-Модните критичари веќе почнаа да расправаат зошто овој моден додаток повторно стана популарен. За почеток, наведуваат дека тоа е едноставен и пристоен начин на обликување на косата, кој не изискува премногу време и труд. Тоа е исто така практично решение, кое едноставно ќе го отвори вашето лице, а со овој додаток ќе изгледате елегантно и шик.