В недела се менува времето од часовникот, започнува зимското сметање
Објавено на 28 октомври, 2022 во 10:36
Од викендов завршува летното и почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во ноќта меѓу 29 и 30 октомври треба да се поместат за еден час наназад, откако Владата одлучи да нема промена во досегашното летно и зимско сметање на времето.
Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Во Македонија важи времето што му соодветствува на универзалното координатно време зголемено за 1 еден час од средноевропско зонско време.