Јана Костовска и Даниела Теова ги добија Гран – при наградите на 55-тите детски Рацинови Средби
Средношколката Јана Костовска од Скопје, под менторство на проф. Снежана Станкова ја доби Гран – при наградата за песна на тема „Рацин поет на болката и љубовта“ на 55-тите детски Рацинови Средби коишто денеска се одржаа во салата Бели Мугри на велешката библиотека.
Додека наградата Гран-При за ликовна творба ја доби седмоодделенката Даниела Теова од ООУ „Васил Главинов“ Велес под менторство на Снежана Стефановска.
Градоначалникот на Општина Велес ги поздрави присутните и им честита на добитниците за наградите и пофалниците.
-Како што гледам цела Македонија е денеска во Велес. Честитки до сите учесници, според мене денеска сите сме победници. Детските Рацинови средби се традиција на Велес и че ги организираме и поддржуваме и наредните години, додаде Колев.
На 55 детски Рацинови средби беа доделени многу пофалници но и награди за прво, второ и трето место на литературниот и ликовниот конкурс на тема „Рацин-поет на љубовта и болката“.
Наградени ученици на литературниот конкурс во категорија основно образование се:
Прва награда за Надица Тасевска, осмо одделение од ООУ „Кочо Рацин“ Охрид, под менторство на Фила Вероска-Стојковска.
Втора награда ја делеа Гоце Конески деветто одделение од ООУ,,Кочо Рацин” – Прилеп под менторство на Наташа Кулевска како и Ване Гавровски осмо одделение од ООУ„Гоце Делчев“-Босилово под менторство на Весна Тилева.
Третото место го доби Ердал Беќири од ООУ ,,Јосип Броз Тито“с. Жировница, Општина Маврово и Ростуше со ментор Рамазан Раманоски како и Андреа Стефановска, седмо одделение од ООУ „Никола Карев“ Пробиштип под менторство на Маријана Ефремова – Кралевска.
Пофалени ученици во оваа категорија се:
Сара Алексова од ООУ „Христијан Карпош“ Куманово со ментор: Фросина Пешевска
Лука Апостолов од ООУ „Даме Груев“ с. Ерџелија со ментор:Катерина Алексова Наумова
Марија Спирковска од ООУ „Кире Гавриловски Јане“ – Прилеп со ментор: Љупчо Петрески,
Лука Трајковски од ООУ „Кочо Рацин“ Куманово со ментор, Елена Арсовска
Роман Јованов 9 одд. ООУ „Крсте П.МИСИРКОВ“ Радовиш со ментор:Томе Постолов
Илина Муковска од ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани со ментор: Роза Китановска
Трајче Бансколиев 9 одд од ООУ ,,Видое Подгорецʻʻ – Колешино со Ментор : Марија Брндевска
Даниела Теова 7 одд. Од ООУ„Васил Главинов“ Велес со ментор: Каролина Попова
Катерина Трајкова 9 одд. Од ООУ ,,Гоце Делчев” –Босилово со ментор:Весна Поп-Алексова
Теа Ристоска 9 одд. Од ООУ „Андреа Савевски Ќиќиш“ Тетово со ментор: Елизабета Стојчевска
Јана Василева 9 одд. Од ООУ,,Кузман Јосифовски Питу” Кисела Вода, Скопје со ментор:Тања Нанкова
Елеонора Николова 9 од. Од ООУ „Славчо Стојменски“ Виница со ментор: Миланка Стојанова
Викторија Димитриеска од ОУ„Врапчиште“- Врапчиште со ментор:Илина Ѓурковиќ
Наградени ученици во категорија средно образование се:
Прво место Ева Дејановска од СОМУ „Гостивар“ – Готивар под менторство на м-р Жаклина Ѓорѓиоска. Потоа второ место Кристијан Нестороски од ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“, Охрид со ментор м-р Перчо Божиновски. Додека третото место го делеа Марко Павловски од СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“-Скопје под менторство на проф. м-р Стево Павловски и Бојан Димовски од СУГС „Георги Димитров“ Скопје под менторство на Емилија Туфа.
Пофалени поезии во средно образование се:
Теодора Прокоповска од СУГС Гимназија „Никола Карев“ Скопје до ментор: Еленица Илиевска
Матеј Спасовски 4 год. Од СМУГС д-р „Панче Караѓозов“ Скопје со ментор Деница Козовска Михаиловска
Сашка Билбиловска 1 год. Од СОМУ „Гостивар“-Гостивар со ментор: Горица Војноска
Кристина Купенкова од СОУ„Димитрија Чуповски“ Велес со Eлеонора Игновска
Марија Тодоровска 4 год. Од ССОУ ,,Коле Неделковски“ Велес со ментор: Мариче Стојанова
Јована Масинова 2 год. Од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ Велес со ментор: Јовица Темов
Наградени ученици од ликовен конкурс од основно образование се:
Прво место еНатали Маџовска од ООУ „Васил Главинов“ -Велес под менторство на Јасна Манчева Мијакова. Второ место е Сара Цветановска од ООУ„Невена Ѓорѓиева Дуња“Скопје под менторство на Петар Беслач. Трето место го доби Милена Тасева од ООУ„Димитар Влахов“Штип под менторство на Дејан Марио како и Каролина Кузмановска од ООУ“Коста Рацин“ с.Брвеница под менторство на Лина Тренкоска.
Наградени ученици за ликовен конкурс од средно образование се:
Прво место доби Мила Сугарева од СОУ„М.М.Брацо“-Делчево под менторство Анета Џ.Костадиновска. Второ место-Леон Али од СУГС“Шаип Јусуф“Скопје под менторство на Марија Трпеска како и Мартина Тодорова од СОУ„Кочо Рацин“Велес. Додека третото место го доби Марија Димитриевска од СОУ„Коле Нехтенин“ Штип.
Пофалница доби Ана Јаневска од СУГС„Димитар Влахов“Скопје под менторство на Елена Савевска
Наградени проекти на конкурсот за групна работа „Цветен венец за Рацин“ наменет за ученици од одделенска настава се:
Прво место доби одделенски наставник Биљана Настовски на V-в одд. Од ООУ„Панко Брашнаров“-Велес. Второ место доби одделенски наставник Невенка Ѓошева и Снежана Арсова –I-2 одд.од ООУ“Блаже Конески“-Велес. Трето место доби одделенски наставник-Бојан Ѓорѓиев IV од ООУ „Тодор Јанев“ Чашка.
Пофалени се:
Одд.наставник Весна Бошковска IV-a од ООУ„Кирил Пејчиновиќ“-Скопје
Одд.наставник Александра Мишкова и Благородна Јосимовска III-4 одд. Од ООУ„Блаже Конески “Велес
Одд.наставник Сандра Колева IV-в одд. Од ООУ„Тоде Хаџи Тефов“Кавадарци
Одд.наставник Слаѓана Маџова IV-V одд од ООУ„Даме Груев“ с.Ерџелија
Одд.наставник Весна Ничоваод ООУ „Ванчо Прке“ Штип
Наградени мултимедијални проекти на конкурсот за мултимедијален ИКТ проект „Рацин – поет на љубовта и болката “ се:
Прво место добија учениците ООУ„Страшо Пинџур“ – Вевчанисо ментор- Роза Китризовска. Второто место го делат ООУ„Св.Климент Охридски“ – с.Драчево со ментор-Валентина Трајковска како и ООУ„Страшо Пинџур“- Неготино со ментор-Трајанка Апостолова. Додека третото место го доби ООУ„Климент Охридски “ – Прилеп со ментор-Јулијана Талевска
Пофалници добија:
ООУ“Блаже Конески “Велес со ментор-Костадинка Атанасова
ООУ“Никола Карев“Кочани со ментор-Љупка Стојменовска
На овогодинешните детски Рацинови средби беа организирани и натпревари по рецитаторство и ораторство.
Во категорија на рецитаторство награда добија:
Прво место доби Деспина Миланова. Второто место и припадна на Михаела Здравковска. Трето место го доби Леон Али.
Во категорија ораторство награда добија:
Прва место доби Даница Невкова. Второ место Али Амет и трето место доби Чарна Елнут Незати.
Со свечено доделување на наградите како и фотографирање на добитниците и нивните ментори завршија 55-тите детски Рацинови Средби.
Стефани Манева