Здравствен дом Свети Николе доби ново санитетно возило како донација од јапонскиот народ      

Објавено на 18 ноември, 2022 во 09:50

Ново Nissan санитетско возило дови ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе како донација од јапонскиот народ. Оваа донација е дел од ГГП проектите и е во вредност од 54,633 евра. Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Савада Хиронори рече дека јапонскиот народ е среќен што му помага на македонскиот да има подобри здравствени услуги.

-Драго ми е дека во период од една година, со оваа донација беше овозможен транспорт за половина од вкупниот број на пациенти во животозагрозувачка состојба, во Здравствениот дом Свети Николе. Јапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ да има подобри здравствени услови, додаде Н.Е Хиронори.

Директорката на ЈЗУ Здравстевн дом Свети Николе Д-р Славица Панева им се заблагодари и рече дека со ова возило поминати се околу 7,500 километри.

-Во текот на изминатата година со новото санитетско возило се направени транспорти на 273 пациенти во животозагрозувачка состојба најчесто до клиниките во Скопје, Штип и Велес и поминати се околу 7,500 километри, рече Д-р Панева.

Во текот на посетата, Амбасадорот Савада имаше кратка средба со Градоначалникот на Општина Свети Николе, г. Дејан Владев, и Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе, д-р Славица Панева. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за COVID-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови, Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.